Авторот Џејмс Палмер во текстот „Како да ги тумачите бројките околу епидемијата на коронавирусот во Кина“ објавен во весникот „Чајна Бриф“ на фондацијата Џемјстаун од Вашингтон, тврди дека бројките за коронавирусот кои ги објавува Кина се лажни.
Тој тврди дека појавувањето на претседателот Си Џипинг без маски во сите јавни настапи претставува обид да се покаже идеја околу победата на Кина над коронавирусот во споредба со западот кој жестоко се бори со пандемијата.
Палмер тврди дека лажните бројки не се наменети само за меѓународната јавност, туку се пласираат и на јавноста во Кина.
