Вчера завршија Олимписките игри кои се одржуваа во Токио. Ова беа први игри во време на пандемија, кои беа одложени и се одржија една година подоцна од предвиденото.
Олимписките игри беа заокружени со неколку спортови, а САД остана најдобрата земја по бројот на освоени медали.
Американците освоија вкупно 113 медали во сите спортови, од кои 39 златни, 41 сребро и 33 бронзи. На второто место се пласираше Кина со 88 освоени медали, од кои 38 златни, 32 сребра и 18 бронзи.
Домашната земја Јапонија заврши како третопласирана со 58 медали.
Македонија ја заврши со пласман на 77. позиција со еден освоен сребрен медал на Дејан Георгиевски во Таеквондо.
