САД подготвуваат дополнителна помош за Украина од околу 800 милиони долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американската администрација на претседателот Џо Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и тоа може да биде соопштено уште денеска.

Бајден може да одобри помош, користејќи го претседателското овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви на странски држави или организации во итни случаи, тврдат добро упатени извори.

Лицата што сакаат да останат анонимни, наведуваат оти најавата за помошта може да биде и следната недела, а можно е предвидениот пакет вооружување да ја смени вредноста пред да биде објавен официјално.

error: Content is protected !!