САД со големи очекувања ги собра Русите и Украинците во Ријад на мировни преговори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преговарачки тимови на САД, Русија и Украина, за првпат се најдоа во ист град. Меѓутоа ќе нема заеднички преговори, туку Американците ќе одржат одделни разговори со двете страни.

„Мислам дека денеска во Саудиска Арабија ќе видите вистински напредок кон мирот“, рече Стив Виткоф, специјалниот пратеник на Доналд Трамп.

„Имам чувство дека Путин сака мир“, вели тој.

Сепак, портпаролот на Кремљ, Димитри Песков не е толку оптимистичен.

„Ние сме само на почеток на овој пат“, рече Песков.

Разговорите доаѓаат само еден ден по еден од најмасовните напади на Русија врз Киев, во кој загинаа три лица.

Зеленски рече дека мора да биде извршен поголем притисок врз Русија, за да сопрат нападите.

Американската и украинската делегација разговараа уште синоќа зад затворени врати и украинскиот министер за одбрана Рустен Умеров кажа дека разговорите биле многу продуктивни.