Бројот на заразени во Светот се приближува на 2 милиони, а бројот на жртви изнесува 120 илјади спрема податоците кои ги објавува Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Вкупно се заразени 1.920.918 лица, а починати се 119.686 лица.
САД се на првото место на светот по бројот на заразени со 587.173, а бројот на починати достигна 23.644.
Во понеделникот САД забележа 1.509 починати во еден ден, речиси иста бројка како ден порано.
Италија исто така ја премина бројката од 20 илјади починати, а има 159.000 случаи на коронавирус. Шпанија има 170 илјади случаи, и 17.756 починати.
