Илјадници сообраќајни прекршоци се регистрирани од камерите на „Safe City“ на почетокот на оваа година на неколку локации во Куманово. Иако подоцна од главниот град, и кумановци се во фаза на тестирање, а казнувањето ќе почне од февруари. На најкритичните сообраќајни точки во градот веќе функционира „ловењето“ на прекршоците за пречекорување на дозволената брзина, поминување на црвено светло, непочитување на предност на пешаци и користење мобилен телефон за време на возење.
Граѓаните на Куманово, како возачи, така и пешаци, со пофалби за воведувањето на Сејф Сити.
„Да, добро е ова, народот треба да биде посериозен, треба да биде повнимателен кога вози. Дали сте возач? Не! Јас сум пешак, но треба да практикуваме каде да ја преминеме улицата … Треба да бидат внимателни нормално и возачите, но исто така и пешаците“, вели граѓанин.
„Добро е, нема потреба од подобрувања, километражата е точна и така треба да биде и понатаму. Дали мислите дека ќе ги подобри условите со намалување на сообраќајните несреќи? Да, затоа што резултатите покажуваат намалување на несреќите“, вели друг граѓанин.
Некои велат дека веќе ги знаат локациите на камерите, односно радарите, но сепак покажуваат зголемена внимателност во сообраќајот, бидејќи и мобилните полициски екипи со радари се постојано на терен. Овој граѓанин раскажува лично искуство, бидејќи имал сообраќајна несреќа поради прекумерна брзината на друг возач.
„100% е подобро! Затоа што сообраќајните несреќи се проблем. Ако се базирам на мојот личен случај, четири години сум на суд. Не можам да излезам на крај со „мафијашката банда“ што ја имаат луѓето во институциите. Апелациониот суд сè уште не може да го реши проблемот со оваа несреќа, тој возел со 130 км/ч. Како е можно судскиот експерт од Куманово да утврди дека возел со 49,9 км/ч, а експертизата на Апелација да покаже 130 км/ч?“ – вели граѓанин.
„Добро се, треба да се знае каде и колку може да се вози … Добро, толеранцијата 3 – 4 – 5 км над дозволената брзина не е голема работа за нормално возење“, вели друг граѓанин.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во првата недела на јануари бројот на прекршоците е значително понизок отколку во првата недела на декември, кога започна периодот на тестирање на камерите „Safe City“. Полицијата апелира до крајот на овој месец да се ажурираат сите лични податоци во секторите за внатрешни работи, бидејќи со стапувањето во сила на новиот систем, сите возачи ќе бидат казнети, без разлика дали го поседуваат возилото кое го управуваат.
