На денешната прес конференција на Христијан Мицкоски беа посочени сите имиња на кандидатите за пратеници во сите изборни единици.
Во првата изборна единица, на 9-то место се најде и Сафет Бишевац, поранешен уредник на А1 ТВ.
Имено, Бишевац во минатото беше голем критичар на тогашната актуелна власт на ВМРО-ДПМНЕ, а на изборите во 2011 година беше избран и за пратеник од листата на СДСМ.
На оваа листа не се најдоа имињата на Владимир Ѓорчев и Илија Димовски, кои беа големи поборници за ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски истакна дека 95 проценти од предложените кандидати се нови имиња.
