Сафија со нејзината мајка во сиромаштија и болест – ѕидот на куќата претставува опасност по нивниот живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Често пати, делови од ѕидот паѓаат врз членовите на семејството Хамиди од Куманово.

Освен лошите услови во куќата која не е нивна, туку на државата, ова семејство се плаши дека куќата ќе се урне врз нив.

Сафије Хамиди сама се грижи за нејзината мајка, а вели дека и нејзиниот брат боледува и не може да работи.

Мајката на Сафије, Назмије вчера не можела да спие поради тоа што дел од ѕидот, како што раскажува таа, почнал  да паѓа и тоа  многу  ги  исплашило.

Сафије вели дека нејзиниот брат не работи поради тоа што има проблеми со нозете. Тие примаат социјална помош од 7 илјади денари. Немаат бања, а вака изгледа нивната импровизирана бања и тоалет. 

Тричленото семејство бара од хуманите луѓе да им обезбедат покрив над глава каде ќе се чувствуваат безбедни и нема да се плашат за нивниот живот.