Сакале за Мајорка, стигнале во Менорка: По грешка на компанијата патниците завршиле на погрешен остров

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Две постари Британки изразија остри критики за авиокомпанијата Џет2, бидејќи поради невнимание на авиопревозникот наместо на Мајорка по грешка пристигнале на островот Менорка каде сакале да патуваат.

Грешката се случила и покрај тоа што билетите им биле проверувани неколку пати за време на качувањето, пренесува британскиот таблоид Мирор.

Линда Трестрејл (69) и Венди Расел (71) ја забележале грешката дури кога пилотот најавил слетување во Менорка.

Британската нискобуџетна компанија Jet2 се извини за пропустот, наведувајќи ја „човечката грешка“ и проблемот со итните служби на аеродромот во Бристол.

Сепак, двете жени се револтирани од серијата пропусти со кои се соочиле и тврдат дека не добиле никаков надомест.

„Слушате за торби кои одат на погрешни летови, но не и за луѓе. „Причината зошто ја резервиравме Мајорка е краткиот лет, знаевме дека мобилноста не ни е добра, па не сакавме долго патување“, изјави Линда.