„Модуларна болница“ се враќа на повторно судење – семејствата се надеваат дека вистината ќе излезе на виделина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Апелациониот суд во Гостивар во петокот го врати предметот за Модуларната болница во Тетово на повторно судење. ТВ21 дознава дека во петокот случајот стигнал до судот во Тетово, но повторното судење на случајот се уште не се знае кога ќе почне. Денеска контактиравме со семејствата на луѓето кои ги загубија животите во овој трагичен случај. Се надеваат дека случајот ќе се прошири и одговорните за пожарот во болницата ќе бидат изведени на обвинителна клупа.

Нагласив дека има и луѓе кои не се на обвинителна клупа, но во овој случај, повторното судење што го направи Апелација од Гостивар, мислам дека ќе има правда. Јас како Мумин, на тетовската седница посочив, каде е министерот за здравство, заменик министерот, каде е градежната фирма Брако!? Каде е фирмата која стои зад  тендерот за струјата што ја инсталираше. Излезе изјавата или експертизата од Германија во врска со продолжениот кабел. И јас во изјавите кажав дека не беше струјата,продолжениот кабел, дефибрилаторот за срце, не беше во продолжениот  кабел, туку како да кажам, во приклучокот (штекерот)“, вели Мумин Исмаили.

Многу добро ја примивме веста бидејќи сакаме да се расчисти случајот и да се види која е вистината. Ние веруваме дека сега може да има правда. Компанијата и болницата мора да имаат одговорност, бидејќи не само што ја градат туку и ставаат луѓе внатре“, вели Ќание Селмани.

Пред 11 месеци, поранешниот медицински директор на тетовската болница – Фљорин Бесими и поранешниот економски директор – Артан Етеми беа осудени на 1 година и 6 месеци затвор, што значи дека нема да бидат затворени доколку не сторат кривични дела за 3 години. Докторот одговорен за „Ковид“ центарот,  Бобан Вучевски е ослободен од обвиненијата. Во меѓувреме тетовската болница доби казна од 1 милион денари. Обвинетите не се обвинети за причините за пожарот, туку за тешки кривични дела против општата безбедност.

Страшниот пожар што ја претвори во пепел модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, со себе однесе 14 животи на пациенти кои се лекуваа од Ковид-19, но и на членови на семејствата кои беа внатре. 14 лица беа спасени пред зградата целосно да изгори.