Самит на европската политичка заедница во Кишињев – Ковачевски: Уставните измени треба да се сфатат сериозно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Поздрав, се наоѓаме во Кишињев, главниот град на Молдавија каде се одржува вториот самит на Европскиот политички комитет. На овој самит учествуваат државници од 47 европски држави и раководители на институции од ЕУ. Овој самит има за цел да поттикне политички дијалог и зајакнување на соработката за адресирање на најитните безбедносни прашања во Европа. Како делегација од нашата држава овде учествуваат премиерот Димитар Ковачевски, придружен од вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Ковачевски упати апел дека на маса е преговарачката рамка со Бугарија која треба да се прифати што е можно поскоро. Според него, таа овозможува вметнување на Бугарите во Уставот и не го загрозува идентитетот ниту македонскиот јазик. За тоа, упати апел и бугарскиот претседател Румен Радев. Тој рече дека што поскоро политичарите во РСМ треба да ја разберат важноста на ова прашање и да дејствуваат според потребното, и тоа ќе биде добро за двете земји“, рече репортерот на ТВ21 од Кишињев, Зекирија Хаџиу.

-Немам апсолутно никакви укори кон Република Северна Македонија, како што велите вие. За нас е важно и за сите европски држави и за ЕУ, да се почитуваат критериумите за членство, тие се засноваат на почитување на човековите права и спречување на дискриминацијата. Мислам дека колку побрзо се сфати дека Бугарите во РСМ треба да се вметнат во Уставот на РСМ и да се гарантира рамноправност според законите, толку е подобро“, , изјави Радев.

Од Кишињев, Зекирија Хаџиу, ТВ21