Само богатите можат да одат на Аџилак? Фетаху за цената од 5700 евра; Тоа е поради ДДВ-то

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За да одите на аџилак оваа година потребни ви се најмалку 5700 евра, но дали можат муслиманските верници да ја платат оваа сума, во продолжение прашуваме неколку граѓани.

„За скапо, скапо е, 5500, многу скапо е, нема пари, но кој има, на пример печалбарите или занаетчиите. Дали мислите дека оваа година ќе одат помалку? Оваа година помалку ќе одат бидејќи е 5500 евра“, вели граѓанин.

„Кој работел за тој ден и ги има парите, нема никаков проблем. Дали мислите дека е скапо? Цената е многу скапа, никако не можам да ја поврзам цената за аџилакот со цената за Умра, но во цел регион таа е цената“, вели граѓанин.

За разлика од Северна Македонија и Косово каде аџилакот чини 5.700 евра, во Албанија оваа услуга чини 4.900. Во врска со зголемената цена, првиот човек на ИВЗ за ТВ21 вели дека тоа се случува поради поскапувањето на сите цени и наметнувањето на ДДВ кое досега не било.

„Оваа година ќе имаме повисока цена од другите години, поради тоа што Саудиска Арабија воведе посебни услови заради корона вирусот. Веќе се плаќа се во Саудиска Арабија, имаше повеќе работи што беа бесплатни а сега воведоа да се плаќа, воведоа дури и ДДВ, на се има ДДВ“, вели Реис Улема Шаќир Фетаи.

И против поскапувањето, првиот човек на ИВЗ покажува дека интересот е многу голем и сите 905 места се пополнети.

Во меѓувреме, тој додава дека Законот на Министерството за хаџ предвидува оваа година возраста на аџиите да биде ограничена, дури и лицата над 65 години да не можат да ја извршуваат оваа верска обврска.

Инаку Хаџот е одење и престој во Арафат и Таваф на Каба во одреденото време. Хаџот е за секој маж и жена муслиманка, барем еднаш во животот, ако имаат можност.