Полицијата во Сараево во БИХ, одземаа автомобил поради преголем долг кој го имал возачот.
Во саботата полициски службеници сопреле возило Опел со кој управувал возач роден 1984 година од Сараево. Во текот на контролата утврдиле дека возачот управува без возачка дозвола, односно без воопшто да полага.
После понатамошните проверки, утвридено дека возачот имал долг на основ неплатени казни во износ од 22.000 евра.
Веднаш му бил одземен автомобилот, а во Општинскиот суд во Сараево против возачот ќе биде поднесено барање за прекршочна постапка.
