Само што стана претседател, а Трамп размислува на трет мандат: „Не се шегувам, постојат методи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп, не ја отфрли можноста да се кандидира за трет мандат, и покрај тоа што Уставот на САД дозволува само два мандати од еден претседател.

Тој во телевизиско интервју за Ен-Би-Си Њуз истакна дека многу негов поддржувачи сакаат тој уште еднаш да се кандидира за претседател.

„Уште сме рано во владата“, рече тој на ова прашање и додаде:

„Уште сме на долг пат. Работам со задоволство“, изјави Трамп.

Новинарката инсиситраше околу третиот мандат, по што тој рече:

„Не, не се шегувам. Постојат методи со кои може да се постигне тоа“, кажа американскиот претседател.

Трамп не го исклучи сценариото сегашниот негов потпретседател Џеј Ди Венс да се кандидира за претседател, а потоа да му направи пат на Трамп.

„Тоа е еден метод, но постојат и други“.

Откако Френклин Рузвелт беше одбран четири пати по ред претседател на САД, во 1951 година беше усвен 22-от амандман на Уставот, во кој се вели дека „никој не може да биде одбран за претседател повеќе од два мандати“.

Но Трамп, кој би имал 82 години ако повторно се кандидира во 2028 година, неколку пати ја повтори идејата да остане и понатаму претседател на САД.