Само во Тетово во текот на 2022: 153 жени и 37 мажи биле жртва на насилство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 150 случаи на семејно насилство во Тетово се пријавени во текот на 2022 година. Податоците на Секторот за внатрешни работи покажуваат дека минатата година освен насилство врз жените, имало и пријави за насилство врз мажи кои биле нападнати од нивните сопруги.

„Во текот на 2022 година имаме евидентирано 153 случаи на семејно насилство, треба да се спомне дека не е веќе табу тема во регионот да се пријави и насилството на жените врз мажите, при што во 2022 година имаме 37 вакви случаи“, вели Фатмир Реџепи.

Небахате Имери-Зибери од Центарот „Кортекс“ вели дека бројот на насилството врз жените не е зголемен, но зголемувањето на пријавите направило бројот на случаи на насилство да изгледа голем. Според неа, тоа покажува дека жените се повеќе го осудуваат насилството.

„Всушност, ова покажува зголемување на пријавите, а не зголемување на жртвите на семејно насилство, што всушност можеби е затоа што со отворањето на центарот за поддршка на жените, жените се уверија дека имаат врата на која можат да тропнат и да се потпрат во сите институции. Тоа не укажува дека насилството е зголемено, само укажува на таа храброст и желба за живот без насилство“, вели Небехате Имери.

На државно ниво, во текот на 2022 година во полиција биле пријавени 579 случаи на семејно насилство.