Мануел Саразин, специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, изјави дека причина за неговата денешна посета на Приштина е подготовката за самитот на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во октомври во Германија.
Германскиот емисар кажа дека е тешко помирување за Косово и Србија, и дека загрижено го напушта Косово.
„Денеска дојдов во Приштина и ќе патувам во регионот за да подготвам конкретни резултати за луѓето од регионот. Да се оди напред е потребен компромис и желба и отстапки за политичко помирување, што знам дека не е лесно ниту за Косово, ниту за Србија. Заминувам загрижен дека сè уште не сме таму каде што треба да бидеме. Ако не постигнеме добри резултати до Самитот на 14 октомври, загрижен сум дека нема да ја постигнеме нашата цел да добиеме силен сигнал дека регионалната соработка, регионалниот заеднички пазар и Берлинскиот процес се форматот во регионот за да донесе конкретни резултати за граѓаните“, рече Саразин.
