СДСМ бара оставка од Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа сега би било кукавички чин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По изборот на персоналните решенија за формирање на Влада меѓу СДСМ и ДУИ, од Бихаќка денеска го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да поднесе оставка бидејќи тој пред изборите даде ветување дека доколку неговата партија доживее пораз на изборите тој ќе поднесе оставка. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега не е време за оставка и дека партијата треба да се стабилизира, со тоа што ќе бидат квалитетна опозиција која би ја срушила оваа влада.

„Оваа Влада која ќе биде изгласана и во Собранието, е Влада која има полн четири годишен мандат и ќе ја предводи претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Опозицијата наместо да шири лажни вести и да ја дефокусира јавноста, пробувајќи да наметне чувство во јавноста дека станува збор за некредибилна влада која што е постигната на цврст договор заедно со ДУИ треба сериозно да си ги разгледа проблемите внатре и Мицкоски треба да почне да се занимава со тоа што го вети, односно дека ќе даде оставка доколку не направи Влада.“, рече Кузеска.

„Би одговор кратко и концизно бидејќи ова прашање е одговорено и претходно од страна на партијата и претседателот Мицкоски. Би било кукавички чин сега во овие околности оставка, кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и ја крадат цела држава така што сметам дека ова е завршена тема на која што не би имале што повеќе додадеме, така што подобро е да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ.“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.