СДСМ без конечна одлука за потпретседателите, Зејд Реџепи: Доколку ни припаѓа, подготвени сме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ не потврдува колку потпретседатели ќе има Собранието. Тие велат дека лидерот Зоран Заев посочил дека ќе се откажат, но не кажуваат дали ќе номинираат или не кандидат.

Албанската опозиција изрази подготвеност за ова функција бидејќи како што велат македонската опозиција не треба да се разликува од албанската.

„Ние претходно дадовме изјава дека ако еден или двајца заменици на Собранието припаѓаат на опозицијата, нема сомнение дека албанската опозиција нема да се разликува од македонската“, рече Реџепи.
Но, македонската опозиција се откажа!
„Па сега ако се понуди, во зависност од тоа како ќе се понуди. Досега не ни е понудена ваква функција.“, изјави Реџепи.

Од друга страна, поранешниот заменик претседател на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ, не знае дали тој ќе продолжи да биде на оваа функција бидејќи веќе е реизбран за пратеник по оставката на претходните пратеници.

Собранието на својата втора седница потврди дека ќе има 5 потпретседатели. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе се откажат од својот кандидат, а со ова се очекува бројката да падне на 3. Дали ќе го одржат зборот, останува да се види како ќе бидат распределени другите функции. За ова треба да се расправа на продолжението на првата седница , но кога ќе се случи таа сеуште не се знае.