После герила акцијата во која беа објавени фотографии на започнати проекти и на смет во Битола, со натпис „КјЕ“, се огласија и од СДСМ Битола со пораката „Не ќе, туку веќе. Битола оди напред, и никако поинаку“.
Герила акцијата беше нагласена како „КјЕ“, алудирајќи на честитката за Нова Година од Битола која беше со зборот „ЗДРАВјЕ“, односно буквата Ј беше споена со В, нешто што никому не беше јасно како дојде до тоа да биде поставена ваква честитка во градот.
На објавата на СДСМ Битола има фотографии од санирани улици, паркови, како и од стадионот „Тумбе Кафе“ кој е во завршна фаза од реновирањето.
❗️Не ЌЕ, туку ВЕЌЕ. 🗣 Битола оди напред и никако поинаку !!!
Posted by СДСМ Битола on Thursday, December 17, 2020
