СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници: Илиевски во Куманово, Герасимовски во Центар, Костадинов во Струмица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Љупчо Николовски од СДСМ денеска ги објави кандидатите за градоначалници на СДСМ на престојните локални избори. Саша Богдановиќ и Максим Димитриевски ја немаат повеќе поддршката за градоначалници, и таму има нови имиња.

„Со последните одлуки од вчера СДСМ заедно со граѓаните ја заокружува најдобрата кадровска понуда со која излегуваме пред граѓаните на локалните избори. Утврдивме нови градоначалници во 18 општини“, рече Николовски.

Ова се кандидатите за градоначалници на СДСМ:

Куманово – Оливер Илиевски

Центар – Горан Герасимовски

Ѓорче Петров – Александар Наумоски

Битола – Христо Кондовски

Македонска Каменица – Соња Стаменкова

Шуто Оризари – Асан Ферат

Кривогаштани – Николче Мисовски

Гевгелија – Сашко Поцков

Струмица – Костадин Костадинов

Дебарца – Игор Крцковски

Чучер Сандево – Сашко Комненовиќ

Македонски Брод – Живко Силјановски

Долнени – Аднан Џафероски

Врапчиште – Џезми Мамути

Радовиш – Коле Черакчиев

Крива Паланка – Сашко Митовски

За Максим Димитриевски, Љупчо Николовски кажа дека самиот се „избришал“ и дека поддршката е само за еден кандидат Оливер Илиевски.

СДСМ не го објави кандидатот за Кочани, најавувајќо дека тоа ќе го стори во следните денови.