СДСМ го менува партискиот статут – идниот лидер ќе се бира на внатрепартиски избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Партискиот лидер на СДСМ  во иднина ќе се  бира на внатрепартиски избори. Ова ќе значи дека  во иднина секој член ќе може да гласа и директно ќе одлучува кој ќе ја раководи партијата а не како  досега кога претседателот  беше  избиран од делегати на Конгресот.

„Секој член ќе може да гласа и директно да одлучи кој и како ќе ја води партијата . Првите вакви избори се планирани да се одржат веќе следната година кога истекува мандатот на ова раковоство ,следната пролет“, посочи Заев.

Сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација на партијата и на органите на СДСМ – рече Заев. Како новина на Конгресот беше наведено дека СДСМ во иднина ќе има од двајца до четворица потпретседатели.

Во преамбулата на Статутот ќе бидат  додадени  и правдата и економијата, најави генералниот секретар на партијата.

Никој не смее да се надева дека  ако прекршува закони за тоа би добил  поддршката од партијата.Сликата дека политичарите се корумпирани и арогантни  мора засекогаш да биде избришана рече Николовски.

„Секој еден за кој постои сомневање дека и малку го прекршил законот ќе треба да се соочи со законот без разлика дали е член или функционер на СДСМ“, истакна Љупчо Николовски.

СДСМ е модерна ,демократска и напредна партија потенцира Николовски

„И додека ние  како СДСМ гледаме  напред и правиме се што треба државата да напредува, од другата страна се ВМРО ДПМНЕ кои за жал се сеуште заглавени во времето на режимот ,свртени само кон себе и кон личните интереси. Заглавени во криминалните структури командувани од надвор од Будимпешта“, додава Љупчо Николовски.

Со Заев државата оди назад реагираа од ВМРО ДПМНЕ. Во нивното соопштение испраќаат  порака до Заев ,

„Заев да ја напушти дестабилизирачката матрица која не доведе до пола милион граѓани кои живеат со 130 денари на ден и до 40.000 нови невработени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку покрај промената на Статутот на Конгресот биле анализирани и постизборните резултати како и проекциите за следниот четиригодишен мандат.

На 25 -от  Дигитален  Конгрес кој е прв од ваков вид во државата се работеше виртуелно но затворено за јавноста. Делегатите беа во своите општински штабови, а раководството во Централата на Бихаќка.