СДСМ испрати соопштение во кое реагираат на Фејсбук објавата на екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и истакнуваат дека Груевски преку објавување на статуси на социјалните мрежи си ја брка мувата од капата.
Тие посочуваат дека факт е оти сопственикот на фирмата „Еко-Клуб“, која несоодветно третирала медицински отпад, е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Јанакиески, беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски. Белиот дворец е вистинската адреса за тоа што медицински отпад со години нетретиран се депонирал во Дрисла“, пишуваат од СДСМ.
