СДСМ и ДУИ за вечерва закажаа седници на партиските тела на кои се очекува да биде верификувана вчерашната коалиција меѓу СДСМ и ДУИ кои на лидерска средба ја договорија претседателите Зоран Заев и Али Ахмети.
„Ве информираме дека денеска (19.08.2020 година, среда), со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи шеснаесеттата седница на Централниот одбор на партијата. Поради обезбедување соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19 седницата на Централниот одбор ќе се одржи во х.Холидеј Ин во Скопје“, се вели во соопштението од СДСМ.
Централниот совет на ДУИ, денеска на седница, ќе дискутира за изборите и коалицискиот договор. Седницата на советот ја свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети. По нејзиното завршување, предвидена е изјава за медиумите.
