Социјалдемократите имаат 5 имиња за кандидати за Тетово, од кои 3 се Албанци, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој не ја крие радоста доколку Албанец ја води трката за општина Тетово.
Имињата на кандидатите Албанци кои би можеле да настапат под логото на СДСМ, не ги откриваат. А што се однесува до можниот ризик кој и се заканува на владата Заев 2, во која учествуваат ДУИ, Беса и ДПА, премиерот бара трпение.
По средбите со лидерот на Беса, Биљал Касами и на ДПА, Тачи, Заев денеска ќе се сретне со лидерот на Интегративците, Ахмети со кого очекува да ја потврди желбата за заеднички настап на изборите.
СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и албанската коалиција Алијанса/Алтернатива се тие кои се уште не ги објавиле можните имиња за градоначалници на Тетово. ДУИ од направените анкети согледа дека актуелната градоначалничка Теута Арифи има добар рејтинг, нешто што го потврди и самиот лидер на партијата, Ахмети. Движење Беса веќе јавно кажа дека кандидат за Тетово ќе биде претседателот на партијата, Биљал Касами а ДПА ја официјализираше кандидатурата на екс претседателот Сади Беџети.
