Од СДСМ со критики до власта за најавената реконструкција на Владата. И покрај тоа што не се споменаа имиња, сепак, од опозицијата испратиј асериозни критики, нарекувајќи ја „нов театар“.
„Ова таканаречената реконструкција не е ништо друго освен козметичка операција и обиди за мачкање очи на јавноста.
Наместо да се соочат со вистинските проблеми кои ги мачат граѓаните, економскиот колапс, падот на инвестициите за 60 отсто, буџетскиот дефицит кој е скоро целосно потрошен, и масовното заминување на младите – власта продолжува да си игра со министерски фотелји.
Како да постои некаква разлика, со оглед на тоа што Мицкоски сѐ води сам, исто како и во својата партија.
Реконструкција без вистински реформи, без одговорност и без промена на курсот е само нова шминка.
Граѓаните не сакаат „нови“ министри кои ќе продолжат со истата политика на долгови, изолација и сиромаштија.
Сакаат вистински резултати и вистинска одговорност“, велат од СДСМ.
