СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за тендерска мрежа и фаворизирање на фирми, кои се стекнале со корист од над 100 милиони евра.
„По објавените информации за омилените фирми како „Ленди Груп“ со 74 тендери за 2 години, „Пирамид Билдинг Солушнс“ со 51 тендер и „Мастеф“ со 93 тендери шемата не завршува туку ВМРО ја има надградено и проширено.
Речиси на сите проекти каде што овие фирми се јавуваат како изведувачи, надзорот и проектирањето ги вршат само две компании – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.
Во дестина општини, институции, сите раководени од ВМРО-ОКГ, истата шема се повторува.
Бројките покажуваат дека во периодот на владеење на ВМРО овие две фирми бележат експлозивен раст. „МГ Проект“ склучила договори во вредност од 2,4 милиони евра, а „МБМ Архитекти“ 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.
Дали е случајност што едни исти фирми добиваат тендери, а едни исти фирми вршат надзор и проектирање?“, прашуваат од СДСМ.
Вратија од ВМРО-ДПМНЕ. Од владеачката партија велат дека фирмите кои се набројани од СДСМ, редовно добивале тендери од минатата власт.
„Сите споменати фирми се компании кои долго време работат, регуларно се пријавуваат на јавните набавки и согласно најповолната понуда ги добиваат тендерите.
Дека тука нема ниту скандал, ниту некакво откритие на АКТ на СДС зборува и фактот што истите овие компании, МГ Проект Дооел Скопје и МБМ Архитекти Дооел Скопје учествувале на јавните набавки и добивале тендери уште во периодот на власт на СДС.
Така, БМБ Архитекти од 2023 година добивала тендери од Министерството за образование, Министерството за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Собрание на Република Македонија, АД МЕПСО, Државна видеолотарија, Општина Центар и други државни институции како универзитетски клиники и факултети.
Додека состојбата кај МГ Проект е уште подобра, односно за време на власт на СДС од нивни државни функционери и градоначалници фирмата добила многу повеќе тендери.
МГ Проект редовно добивала тендери од градоначалниците на СДС во Центар, Струмица, Делчево, Валандово, Богданци, Крива Паланка, Крушево и други, како и различни министерства и други институции додека СДС ја предводеше македонската влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
