Од СДСМ со реакција по повод денешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во кое кажа дека доколку до вторник Филипче и неговиор заменик Хасани не ги поднесат оставките до Собранието, тогаш опозицијата ќе бара нивно разрешување.
„Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право.
Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.
Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница.
На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози.
Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите.“, велат од СДСМ.
