СДСМ продолжува со повиците за референдум за членство во Европската Унија. Трајче Сточевски од СДСМ вели дека Владата не може да се правда со недостаток на средства за референдум, обвинувајќи дека се трошат пари за тендери и владин луксуз.
Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ги штети на македонските национални интереси, прифаќајќи бугарски влијанија и ставови во политичките и евроинтегративните процеси на државата. Според нив, тој поддржува уставни измени и толкувања што го засегаат македонскиот идентитет и историја, ставајќи ја Македонија во подредена позиција во однос на Бугарија.
Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена или „разнебитување“ на македонскиот идентитет и смета дека историјата и националните личности не треба да се користат за политички пазарења.
