Претставници на СДСМ и ДУИ во текот на вчерашниот ден имале состанок, на кој е разговарано како да се настапи на парламентарните и претседателските избори кои ќе се одржат следната година. Неофицијално, како што дознава ТВ21 од партиски извори, се дискутирало за т.н Европски фронт, кој би се состоел од сегашните владини партнери, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Се преговарало овие три партии да настапат заедно на парламентарните избори со заеднички листи.
Според нашите избори, проценките на СДСМ биле доколку се прифати ваквиот прелог, Европскиот фронт може да дојде до победничка ситуација, односно да добие мнозинство на наредните избори. Една ваква коалиција, според партиските разговори и анализи, би можела да освои од 55 до 65 пратеници.
Според партиски извои, наводно една група од СДСМ има три предлози до ДУИ. Првиот предлог е ДУИ да се откаже од технички премиер и техничка Влада, односно да нема премиер Албанец во последни 100 дена Влада. Вториот предлог е да се направат заеднички листи за наредни парламентарни избори и третиот предлог е да се поддржи еден заеднички кандидат уште од првиот круг за претседателски избори.
Неофицијално ДУИ се против првиот предлог, односно не сакаат да отстапат од технички премиер и инсистираат да ја добијат премиерската позиција во последните 100 дена Влада.
Нашите извори велат дека овој предлог, за Европски фронт со заеднички листи, еден претседателски кандидат од прв круг и да нема технички премиер, би го поддржал и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Доколу ова не биде прифатено од ДУИ, и ако не се реализира идејата за Европски фронт, тогаш во игра, може да влезе и идејата од пред неколку месеци, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ да направи Влада со другите албански партии, без ДУИ и евентуално со поддршка на СДСМ.
Оваа идеја беше апсолвирана во јавноста во претходните неколку месеци. ВМРО-ДПМНЕ тогаш се согласуваше да укине техничка влада, а ДУИ се изјасни и постави услов дека ќе излезат од Влада само доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.
Ова е се уште идеја која во наредниот период треба да биде на преговарачка маса меѓу владините коалициски партнери. Како ќе течат преговорите останува да се види, иако Алијанса за Албанците неколку пати порачува дека сами ќе настапат на парламентарните избори. Од друга страна, Ахмети во интервју за ТВ21 пред извесен период порача дека ќе одат со заеднички листи, но не спомна дали би се откажаеле од премиер Албанец во последни 100 дена Влада. Според неофицијални партиски извори на ТВ21, доколку биде договорен Европски фрон, би требало на избирачките листи ДУИ да го добие носителот во шестата изборна единица, а Алијанса за Албанците второто место. Во ИЕ 1 и 2, СДСМ би имала носители, а ДУИ втората позиција на листата. Во 5-тата изброна единица СДСМ би имала носител, а втората позиција би била резервирана за Алијанса за Албанците или ДУИ. Сепак, сето ова се засега неофицијални извори, до кои дојде ТВ21, кои не се потврдени официјално од ниту една партија. Засега сето ова е во фаза на предлози.
