Папата Лав XIV предупредува на опасностите од вештачката интелигенција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV предупреди дека сè поголемата употреба на вештачката интелигенција носи ризик човечките односи да станат безлични и ги повика луѓето да не им ги препуштаат клучните одлуки на алгоритмите.

„Од една страна, технолошкиот развој, ширењето на масовните медиуми и социјалните мрежи, како и сè поголемата употреба на вештачката интелигенција, отвораат нови можности, рушат бариери и ги скратуваат дистанците. Од друга страна, односите имаат тенденција да стануваат сè помалку лични и повеќе виртуелни, а постои ризик да научиме да им ги препуштаме на алгоритмите одлуките кои исклучиво им припаѓаат на луѓето“, изјави папата Лав.

Светиот отец во повеќе наврати повика на заштита од ризиците поврзани со вештачката интелигенција и истакна дека технологијата мора да остане подложна на човечкото расудување, совест и одговорност.

Неговата прва енциклика, објавена во мај, предупреди против целосното препуштање на чувствителни одлуки, кои влијаат врз животот на луѓето, на автоматизирани системи.

Дебатата за вештачката интелигенција доби големо внимание во изминатите недели, откако раководители на големи технолошки компании предупредија дека развојот на оваа технологија би можел да излезе од контрола доколку не се преземат неопходни законски мерки.