По најавите за блокада на еколошката такса за горивата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со реакција се јавија од СДСМ. Велат дека со овие најави, опозицијата не е ниту за милиметар поместена од антидржавната матрица.
„Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема нова понуда, нов концепт на повидок. Провидна лага се наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ, партија чии деструктивни и расипнички политики 11 години ја изолираа и држеа во заложништво државата и брутално ги понижуваа граѓаните. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да понудат нов концепт се додека одржуваат тесни врски со луѓето од мрачното минато на државата“, се наведува во соопштението.
