Одобрените препораки на заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања, според СДСМ, се демант на лагите на ВМРО-ДПМНЕ кои „со месеци ги мачат граѓаните и се обидуваат да внесат нови поделби“. Социјалдемократите се грижат воопшто да не се засегнат македонскиот идентитет и историја, а Христијан Мицковски го нарекуваат лажго кој прави штета на народот.
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од нивните позиции и барања. Велат дека нема да има уставни измени, а веќе ги продолжиле средбите со коалициските партнери за референдумот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара премиерот Димитар Ковачевски да излезе и да им се извини на Македонците за концертот одржан за 21-годишнината од Охридскиот договор, на кој водителката беше исвиркана кога зборуваше на македонски јазик.
