СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се радува што пратеници се заболени од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ


„ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што се радуваат на тоа што пратеници се заболени од коронавирусот.“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од владеачката партија бараат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да присуствуваат на седници, а не да, како што велат, бидат на страната на вирусот.

„Наместо пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да присуствуваат на седници и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните. Од почетокот на пандемијата па до денеска ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, против граѓаните, против здравствениот систем.

Јавноста памети како Христијан Мицкоски ги кршеше мерките и забраните за заштита од КОВИД 19, како одеше по фитнес центри и кафеани, како организираа јавни собири и протести без мерки на заштита, како нивниот Вело Марковски ги поттикнуваше граѓаните да не носат маски и велеше дека вирусот не е опасен, а Унијата на млади сили организираше некрофилски кампањи.

Денеска, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски проби ново дно во нивната бездушна и честопати некрофилска политика, овој пат радувајќи се на заболени пратеници.“, се вели во соопштението од СДСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое истакна дека Заев нема кворум во Собрание, и затоа бара техничка влада.

„Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, тој бара техничка влада затоа што е слаб. Зоран Заев ја доведе државата и институциите до момент на
нефункционалност. Желбата за власт по секоја цена ја закочи државата. Собранието и вчера не можеше да функционира исто како што не може да функционира веќе месеци наназад.

Институциите се сосема нефункционални. Заев гласајќи и мерејќи ја својата самодоверба, само си ги продолжи маките, и негови, но и на државата.“, стои во соопштението од ВМРО.