реклама

Се чека да се избере изведувач за патот Тетово – Призрен – Рустеми: Во септември почнуваат работите и за тетовската клучка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Веќе долго време се ветува изградбата на патот Тетово – Призрен. Но кога конкретно ќе почнат градежните работи?! Директорот на ЈП Државни патишта на Македонија, Ејуп Рустеми, вели дека во прашање се неколку денови за избор на заеднички изведувач меѓу Македонија и Косово за овој проект. Според Рустеми трасата веќе е избрана и треба само да се потпише договорот.

„Откако е избрана трасата по која ќе се изгради патот Тетово – Призрен, во трасата има заеднички тунел кој е 6,4 километри. Со самиот факт што е заеднички тунел меѓу двете држави ние сме во фаза, сега заедно со Министерството за транспорт, на составување на договорот меѓу Министерството за транспорт на Северна Македонија и Министерството за транспорт и екологија на Косово, за избор на заеднички изведувач, каде ќе бидат деталите, на кој начин ќе се избира, како ќе се плаќа изведувачот бидејќи е заеднички тунел“, вели Рустеми.

реклама

Рустеми зборуваше и за тетовската клучка. Според него следната недела ќе се објави тендерот за избор на изведувачот на работите и веројатно во септември ќе почнат работите.

„Кај клучката во Тетово имаме и дозвола за инфраструктурите проект. Направени се сите елаборати и експропријација. Следната недела ќе го објавиме и тендерот за избор на изведувач на работите и се надеваме од септември ќе ја видите и машинеријата како работи“, рече Рустеми.

реклама

Клучката во Тетово има за цел поврзување на тетовската економска зона со автопатот Тетово – Скопје, но и селата од општина Теарце да немаат потреба да влезат во градот, туку да можат директно да поминат во коридорот осум.

реклама

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама