Се додека одлуките за проширување се носат со консензус, Бугарија може да нѐ блокира 200 пати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се додека одлуките за проширување се носат со консензус, Бугарија може да не блокира за кое било прашање, па дури и за тоа дали реката Вардар е чиста или не, изјави за неделното интервју на Радио слободна Европа, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој смета дека со новата методологија кога повеќе моќ е дадена на земјите членки на сметка на комисијата, тие може да блокираат кога сакаат.

Ние сме калкулирале и таа можност ја имаат 200 пати во тек на процесот. Сакам граѓаните да бидат уверени ништо нема да правиме на брзање, сосема сме свесни кои се интересите на граѓаните, кои се очекувањата на граѓаните, но исто така сме свесни колку е важно за нив членството во Европската унија. Ако има еден позитивен колатерален ефект од оваа блокада е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути и тука се покажа вистинската слика на Република Северна Македонија за која што треба да се гордееме.“, рече Османи.

На прашањето, зошто бугарските власти тогаш тврдат дека не го спорат македонскиот јазик и идентитет, Османи одговори

„Затоа што најверојатно сакаат да престават дека не го спорат денешното дефинирање на јазикот, но го спорат историскиот корен на јазикот. И во тој контекст тие го преставуваат како неспорење на идентитетските атрибути кој што сега ги има државата, меѓутоа тоа е доколку се има тој пристап на дефинирање на историскиот контекст. Меѓутоа со барањето да се дефинира согласно јазичната клаузула од Договорот од 2017 година очигледно е дека се редефинира и сегашното дефинирање на јазикот.“, вели Османи.

Османи е се уште оптимист дека во септември е другиот рок кога се очекува да се постигне договор меѓу Скопје и Софија.  Тој рече дека овој договор ќе резултира со неколку чекори кои главно се поврзани со словенечкото претседавање, со португалскиот предлог и Патоказот, кој, како што вети, пред септември ќе се дефинира од Македонија и Бугарија.