Неколку минути пред 11 часот, претседателот на Синдикатот за образование и наука Јаким Неделков дојде во Министерството за труд и социјална политика на средба со министерката Јованка Тренчевска. Тој за новинарите изјави дека очекува денеска да го затвори прашањето за кое е одржана средбата.
Вратата на министерството на почетокот не се отвораше.
Но, по средбата, која траеше околу еден час, Неделков излезе со добра вест. Постигнат е договор за целосна исплата на платите на вработените во градинките. Веста ја соопшти министерката Тренчевска.
Првиот човек на СОНК,Јаким Неделков рече дека ова е крај на циклусот разговори со МОН и МТСП.
Инаку, СОНК штрајкуваше од 11 до 28 април, вкупно 14 работни дена, со кој побара зголемување на платите за 18,3% и потпишување на колективни договори. СОНК првично категорично го отфрли зголемувањето на платите од 10 отсто на вработените во градинките и образовните институции, а членството не го прифати ниту зголемувањето од 12 отсто што го понуди Владата. Со помош на медијаторот, партиите седнаа на преговарачка маса, додека штрајкот беше прекинат. Конечниот договор е платите од септември да се зголемат за 15%.
