Се испитува уште еден случај за коронавирус кај пациентка која патувала во северна Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче беше посочено дека утринава на клиниката се пријавило едно лице со симптоми на коронавирус.

Филипче додава дека пациентката која престојувала во критичниот дел на северна Италија веднаш е ставена во изолација и се чекаат резултатите.