Финли МекАфи имал план да ја изненади својата девојка од Париз, која имала одмор помеѓу летовите, но на крајот таа со лет порано дошла во Единбург да го изненади.
Во теорија што би можело да тргне по зло? Тоа што се разминале двајцата, и не успеале да се видат, односно да го остварат планираното.
Кога Финли се подготвувал да летне кон Париз, неговата девојка Саде веќе била слетана во шкотскиот главен град. Се воспоставило дека дошла со летот порано со иста цел како и својот партнер.
Немале поим дека едно време биле заедно на аеродромот во Единбург, кој е толку мал што е речиси невозможно да не налетаат еден на друг. Она што е исто така интересно е што Саде не му пратила порака на Финли веднаш по слетувањето, со што можеби тој ќе го избегне летот кон Париз.
„Лудо е да се размислува за тоа. Веројатно постои точка на аеродромот во Единбург во која сме се разминале, а не сме се приметиле“, рекол Финли МекАфи за настанот кој се случил во 2017 година.
Саде и Финли и натаму се заедно и живеат во Лондон.
