Се комплетира составот на Судски совет – Лимани и Камбовски дадоа заклетва, очекуваат независно судство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судството треба да биде независно како што се другите власти во државата. Исамедин Лимани и Александар Камбовски, се новите членови на Судски Совет. И двајцата дадоа свечена заклетва пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. И Камбовски и Лимани велат дека никој не треба да се меша во работата на судската власт.

Прашани за најавите на мандатарот Христијан Мицкоски за целосно распуштање на Судски Совет, ниту еден од нив не даде конкретен коментар.

Инаку врховниот судија Исамедин Лимани и судијата од битолската апелација, Александар Камбовски, беа избрани за членови на Судски Совет на 6 јуни. Со нивниот избор се пополнија двете испразнети места, по оставката на Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски пред една година поради тогашното разрешување на претседателката на Судски Совет, Весна Дамева.