Бројот на граѓани кои побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар продолжува да се намалува, покажуваат последните податоци од здравствените институции.
Во текот на вчерашниот ден, 28 јули 2026 година, биле евидентирани вкупно 71 новопрегледан пациент, што претставува дополнително намалување во однос на претходниот ден.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени 49 прегледи. Од нив, 29 пациенти биле прегледани на инфективното одделение, додека 25 на педијатриското одделение.
Во моментов, на инфективното одделение се хоспитализирани двајца пациенти, а на педијатрија пет пациенти.
Во Здравствениот дом Гостивар, во дежурната служба, вчера биле регистрирани 22 нови прегледи.
Податоците од здравствените установи укажуваат на постепено намалување на бројот на лица кои бараат медицинска помош и стабилизирање на состојбата во гостиварскиот регион.
