Се обидел да избега од полициска контрола, паднал и се повредил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 08.04.2020 во 17.00 чaсот при вршење контрола на ул.„Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „опел астра“, со кавадаречки регистарски ознаки, но истото не застанало. Набрзо возилото е пронајдено во с.Марена, а во него биле Б.Т.(51), В.Ј.(30) и Ј.В.(46). Притоа, В.Ј.(30) се обидел да избега, при што паднал и се повредил. Тој бил префрлен во болницата во Кавaдарци, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.