Се обидел да краде во црква па избегал, но полицијата го фатила: Уапсен 43-годишен од Бузалково со живеалиште во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје.

На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото.

Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.

Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.