МОН има три можни сценарија за почеток на новата учебна година 2021/22. Царовска денеска го кажа првото сценарио, најповолното според неа, а тоа е настава со физичко присуство со почитување на протоколите за заштита.
Второто е продолжување на досегашниот систем, од прво до четврто одделение да посетуваат настава со физичко присуство, а останатите онлан, додека третото сценарио е поделба во групи, една недела да посетува настава една група, а другата недела, другата група.
Сите три сценарија ќе бидат подготвени за спроведување од септември, рече Царовска која изминатата учебна година ја оцени како успешна.
