Се одржа и четвртиот настан од проектот „Заеднички темели“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа среда, на 11.08.2021 година, се одржа и четвртиот настан од серијалот настани од проектот „Зеднички темели“, овојпат на тема: „Јазик – Трагот и белегот на Албанската книжевност од осамостојувањето до денеска“.

Серијалот настани којшто се одржуваат секоја среда, во 18 часот, во дворот на ТВ 21, се дел од проектот „Зеднички темели“ кој е на тема: „Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега” и претставува дел од прославата на 30 годишнината од независноста на Северна Македонија.

Првиот настан се одржна на 21 јули, а предвидено е да се одржат вкупно 6 настани во текот на шесте недели предвидени за овој проект.

На настанот којшто се одржа оваа среда, на 11.08, во дворот на ТВ 21 беше промовиран краткиот документарен филм во кој наши истакнати дејци зборуваа за историјата на Албанскиот јазик, неговата употреба во Република Северна Македонија и градењето на културата околу сѐ она што е поврзано со јазикот. Настанот беше заокружен со мала коктел забава на која гостите беа забавувани од познати македонски музичари. Краткиот документарен филм од настанот беше прикажан денес, петок (13.08) во 11:00 часот на ТВ21.

Следниот, петиот, настан ќе се одржи на 18.08, во исто време на исто место, на тема Спорт, и успесите кои албанските истакнати спортисти ги направиле за Република Северна Македонија.