Се одржа „вело фиеста“ во Скопје, учествуваше и градоначалникот Шилегов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска во Скопје беше организирана вело фиеста, по што беше затворена улицата Димитрије Чуповски на Рекорд.

На вело фиестата учествуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Како дел од Европска недела на мобилност/МЖСПП денес за вело фиеста е затворена улицата Димитрије Чуповски на Рекорд. Ослободената улица без автомобили е со цел да се овозможи простор за организирање на забавни содржини од интерес за пешаците и велосипедистите, како вело кафе, едукација и игри за најмладите.“, напиша Шилегов на Фејсбук.