Се огласи и Бектеши: Сите заедно мораме да ја осудиме оваа неприфатлива постапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По веста за опожареното возило, се огласи и министерот за економија Крешник Бектеши кој изразува жалење за обидот за напад врз првиот вицепремиер Артан Груби.

„Сите заедно како општество мораме да ја осудиме оваа неприфатлива постапка која го нарушува имиџот на државата и создава неизвесност кај нашите граѓани. Ќе стоиме обединети, силни пред секој предизвик што не очекува. Се надевам дека надлежните органи ќе го истражат овој случај и што поскоро ќе ги изведат сторителите на оваа акција пред лицето на правдата“, вели Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: