Се огласи отповиканиот претседател на Јужна Кореја: Сега застанувам…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сега веќе поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, во изјава по денешната одлука на парламентот за неговиот импичмент рече дека „привремено го прекинува своето патување“.

Откако парламентот гласаше со 204 „против“ и 85 „за“ смена, па така на функцијата вршител на должноста претседател стапи премиерот Хан Дук.

„Иако сега застанувам, патот кон иднината по кој чекорам изминативе две и пол години никогаш не смее да запре. Никогаш нема да се откажам. Ќе ги земам во предвид вашите критики, пофалби и поддршка и ќе го направам моето најдобро за земјата до крај“, рече Јун.

Првата инцијатива за импичмент на Јун Сук Јеол, поради прогласување на воена состојба на 3. декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум.