Се огласија САД по случувањата во Јужна Кореја: „Сериозно сме загрижени…“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД вели дека САД не биле однапред известени за планот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол да прогласи воена состојба.

„Администрацијата е во контакт со владата на Јужна Кореја и внимателно ја следи ситуацијата“, рече портпаролот, додавајќи: „Сериозно сме загрижени за случувањата што ги гледаме на теренот во Република Кореја“.

Во меѓувреме, претставник на Белата куќа потврди дека претседателот Џо Бајден бил информиран за ситуацијата.