Во скопската населба Аеродром беше пресечена лентата за отворањето на Центарот за обука на административни службеници. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, изјави дека административните службеници ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за одговорно извршување на своите улоги.
Минчев посочи дека и граѓаните кои ќе конкурираат за работа, но и другите вработени, ќе треба професионално да се обучуваат и едуцираат.
Најавено беше и дека вакви центри за обука ќе бидат отворени и во други места низ Македонија.
