Се отвораат уште два пункта за тестирања на коронавирус, до крајот на неделава почнува системот на мобилни тестови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче информираше дека во Скопје се отвораат уште два пункта за тестирање, и дека закажувањето останув преку матичните лекари. Исто така до крајот на неделава треба да почне системот на мобилни тестови.

„Се отвораат уште два пункта во Скопје, и уште дополнителни по еден во другите градови. Од утре во Чаир, и до крајот на неделата во Млин Балкан. Ќе биде на истиот систем на закажување, преку матичниот лекар, сметаме дека мора да се направи епидемиолошка анкета. Ќе се зголеми бројот на тестирања. Подготвен е системот за мобилни тестови, ќе почне следните денови во Скопје, пред се до места, семејства, луѓе кои треба да се истретираат од кои треба да се земе материјал побрзо“, рече Филипче.